1
Една ученичка загина, а околу 40 средношколци се повредени во сообраќајна несреќа во училишен автобус во близина на Шатодун, во регионот Аир-ет-Лоара, во Франција.
Според соопштението на локалните власти, никој од повредените ученици не е во животна опасност.
Министерката за образование Елизабет Борн изрази сочувство до семејството на починатата средношколка, нагласувајќи дека ќе го следи развојот на здравствената состојба на повредените.
Министерот за транспорт Филип Табаро најави истрага за да се разјаснат околностите на трагедијата.