Во сообраќајка почина 31-годишен велешанец, излетал пред тунелите над Башино село

by Fokus

Сообраќајка несреќа ноќеска на автопатот Скопје – Велес, пред тунелите над Башино село.Во неа С.Н. (31) починал на лице место, а две сопатнички од возилото се повредени.

На лице место интервенирале од Противпожарната единица од Велес како и од Брзата помош, но кај 31 годишниот велешанец е констатирана смрт.

Двете сопатнички со повреди се префрлени во општата болница Велес, по што една од повредените заради сериозноста на повредите е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје.

Автомобилот со кој управувал С.Н излетал од коловозот на автопатот пред тунелите, по патарината „Сопот“.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Поврзани новости