Седумдесет и четиригодишен скопјанец почина во тетовската болница, откако претходно бил потешко повреден во сообраќајна несреќа, информираат од СВР Тетово.
Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 9 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар во близина на месноста „манастирски ливади“.
Од сé уште непознати причини дошло до судар на возило „голф“ со скопски регистерски ознаки што го управувал С.Р. (74) и „мерцедес“ со тетовски ознаки што го управувал Л.Р. (72) од Горно Палчиште.
Возачот на голфот со сериозни повреди бил пренесен, најнапред во гостиварската болница, а потоа во тетовската, каде околу 13 часот починал.
Извршен е увид на местото настанот и се работи на расветлување на поединостите кои довеле до несреќата.
Од СВР Тетово упатуваат апел до возачите да бидат повнимателни во утреинските часови заради појава на магла и одрони по клисурите.