Собранието попладнево ја продолжи расправата за дневниот ред за 88. пленарна седница, на пратениците се уште не го усвоија дневниот ред. За пратениците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица спорна е втората точка, односно предлозите за избор на уставни судии. Тие бараа таа точка да биде тргната од дневниот ред.
Само двајца од тројцата кандидати за нови уставни судии стигнаа на пленарна седница бидејќи предлогот за избор на Љубомир Јовески сè уште е заглавен во матичната комисија.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе покренат интерпелација за претседателката на комисијата за избори и именувања, Марија Георгиевска и оти ќе се разгледа целата постапка за избор на нови судии на Уставниот суд.
Комисијата за избори и именувања ги одобри имињата на Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева, и двајцата како предлози на Владата.
Уставниот суд работи само со пет од деветте членови.