Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав

by Fokus

Собранието денеска ќе ја започне последната нова седница во овој парламентарен состав. На предложениот дневен ред за 149. седница се тринаесет точки. По оваа седница закажани се и продолженија на 131-та, 135-та, 138-та, 145-та и 103-та седница.

Во рамки на новата 149. седница пратениците треба да ги разгледаат Предлог на декларација за одбележување на четвртата годишнина од членството на Република Северна Македонија во НАТО и Седумдесет и петтата годишнина од формирањето на Алијансата, Дополнетиот предлог на законoт за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, Дополнет предлог на закон за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, сите во второ читање и Предлог на автентичното толкување на член 93 став 2 од Законот за урбанистичко планирање и Барањето за давање на автентично толкување на член 19 од Законот за наследувањето, поднесено од пратеникот Лидија Тасевска, Дополнет предлог на закон за виното, второ читање, како и Предлог на закон за изменување на Законот за културата, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми, Предлог на закон за дополнување на Законот за спортот, и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, сите по скратена постапка.

Поврзани новости