761
Во Собранието денеска ќе биде основана и промовирана Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата.
Промовирањето на оваа група е во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права, а во неа ќе членуваат пратеници од постоечкиот собраниски состав од различни политички партии.
По промоцијата на ИПГП на ЛГБТИ лицата, прес-конфереција ќе одржат пратеничката Маја Морачанин и пратениците од иницијативата за основање и промовирање на групата заедно со претставниците на невладините организации.