Во македонското Собрание денеска се очекува да се одржи нова седница на новоформираната Анкетна комисија за случајот со Онкологија, на која ќе има сослушување на сведоци и експерти и разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во клиниката.
Рашела Мизрахи – претседателката на Анкетната комисија синоќа во тв гостување рече дека први на седницата ќе говорат поранешниот министер за здравство Беким Сали, а по него министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Таа посочи дека како политичка партија поднеле дури 44 сведоци кои ќе треба да сведочат во врска со случајот на Онкологија.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пак во интервју за „360 степени“ во врска со случајот Онкологија рече дека сите факти и аргументи ќе бидат потврдени, обезбедени и дека врз основа на нив ќе се конкретизира вината бидејќи, како што порача, виновникот секогаш има име и презиме.
Тој кажа дека има докази, и тие докази се во Јавното обвинителство.