3
Денеска во Кристалната сала на Собранието беше доделена државната награда „11 Октомври“ на годинашните добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на земјава.
Истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски е добитник на наградата во областа на науката, а за животно дело во областа на културата и уметноста наградата им се додели на мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски.
Секоја година оваа престижна награда се врачува во Собранието на Македонија на овој ден, 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.