За дискусија на пленарна седница најмногу се јавувал Горан Сугарески од СДСМ, а има и најмногу реплики, покажуваат резултатите од публикацијата „Мојот пратеник“.
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, пак, и уште 33 пратенци немаат отсуство на ниту една од пленарните седници што Собранието ги одржа во периодот јануари – јуни 2016 година.
Горан Милевски од ЛДП има поднесено најмногу амандмани, вкупно 1.087. Најмногу пратенички прашања, 18, има поставено Нора Алити од ДУИ.
Што се однесува до најнаредовните пратеници во Собранието, на врвот се пратеници на двете најголеми албански партии. Најмногу оправдани отсуства од пленарните седници имаат Хазби Лика од ДУИ со 65, по што следат Али Ахмети со 64, Мендух Тачи со 63 и Артан Груби со 61 отсуство.