Во случајот со Кичеец никој немал намера да прави протекции, вели Заев

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска повтори оти директорот на Управата за извршување санкции го информирал оти Зоран Милески Кичеец ја имал целата потребна медицинска документација за да му бидат дадени триесет дена за лекување. Доколку некој има поинакви информации, рече Заев, тогаш треба тие да се објават.

-Сите треба да бидеме еднакви по закон и на сите ни следуваат еднакви обврски и ни следуваат еднакво и правата. Не ги знам деталите навистина. Вие ми кажувате дека требало седум дена, јас знам дека има медицинска документација, информиран сум од директорот на Управата за извршување на санкции. По самите документи законот е јасен. Веднаш може да се обелодени во јавноста доколку има одреден пропуст. Но, јас знам дека сите наши граѓани кои што се на издржување на казна после одреден период од издржувањето на казната имаат право на викенд, на одреден одмор, имаат право секогаш во издржување на казната и на здравствено лекување, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој уверува дека во случајот со Кичеец ниту некој имал намера да прави некои протекции, ниту да се дава нешто повеќе од тоа што е вообичаено.

-Јас сум информиран првпат со објавувањето во јавноста дека имал Зоран Милески право на користење на тој прекин на казна заради здравствени потреби. На крајот се доинформирав од директорот на Управата за извршување на санкции. Но, ве повикувам навистина до крај да ги обелодените сите факти, рече Заев

Поврзани новости