Во Словенија имало дури 707 нови инфекции со коронавирус во последните 24 часа, потврди словенечката влада.
Ова е нов рекорд, откако најголемиот број на дневни инфекции на крајот на неделава беше 211. Потврдени се нови 707 инфекции вчера на 4902 тестирани лица, а починале уште две заразени лица, изјави на прес-конференција владиниот портпарол Јелко Кацин, и потврди дека владата ќе наметне нови построги мерки во попладневните часови.
Заедно со големото зголемување на новите случаи, бројот на потешки случаи кои бараат хоспитализација продолжува да расте.
Според новите податоци на Министерството за здравство, во моментов во болниците има 172 пациенти, од кои 26 се на интензивна нега.
Според Кацин, новиот број на инфекции ги исполнува сите услови за воведување на најстрогите мерки од претпоследната, таканаречена портокалова фаза, што треба да го ограничи ширењето на вирусот и неговиот експоненцијален раст. Во спротивно, владата повторно ќе прогласи епидемија и ќе воведе рестриктивни мерки слични на оние во првиот пролетен бран.
Третиот пакет мерки предвидува карантин на одредени општини, со оглед на бројот на заразени, забрана за посета на болниците и здравствените установи, затворање на баровите, фитнес центрите и спортските објекти за аматери и групни спортови, правило дека може да има само едно лице во фризерските салони,а настаните како верски церемонии и свадби во одредени региони се забрануваат и се затворање се затвораат стоматолошките ординации за непотребни интервенции.