Во Словенија по грешка 36 луѓе вакцинирале со физиолошки раствор

by Fokus

Во еден здравствен дом во Словенија е направена ненамерна грешка при вакцинацијата против Ковид-19, кога некои лица наместо вакцината на „Фајзер“ за која аплицирале, добиле само физиолошки раствор.

Грешката се случила во петокот во здравствениот дом во градот Шенџур, каде од 126 лица кои дошле на вакцинација, 36 добиле физиолошки раствор, кој мора да се измеша со вакцината на „Фајзер“.

Веднаш по „инцидентот“, здравствениот персонал во домот забележал дека настанала збунетост и се извиниле за ненамерната грешка, која луѓето ја прифатиле со разбирање, па биле вакцинирани со вистинските дози од вакцината во следните два дена, пренесува Хина.

За се е информиран Националниот институт за јавно здравје, а директорот на здравствениот дом за Словенско радио изјавил дека ненамерната грешка најверојатно е поради преоптовареност на персоналот.

 

Поврзани новости