511
За прв пат од почетокот на епидемијата во Словенија нема нозозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Вчера во лабораториите низ земјата се направени вкупно 500 тестирања, а ниту еден не бил позитивен.
Според податоците на Националниот институт за јавно здравје во овој момент во болниците поради Ковид-19 се лекуваат 59 пациенти, а само 21 во одделите за интензивна нега. Вчера двајца пациенти се отпуштени од медицинските центри, а две лица починаа како последица на инфекцијата.
Од утре во државата повторно почнуваат со работа голем број продавници, а ќе се отворат и рестораните и кафулињата, кои ќе функционираат под посебни заштитни мерки.