Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороеон дождм грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, истиот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 30 степени.
Потоа во следните денови ќе имаме нестабилно време со почеста појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град.
Подготви: Славчо Попоски