Во скопско Инџиково крадци го убиле пред сопругата и роднините

by Fokus

Синоќа пред полноќ 49 годишниот И.А. бил убиен со куршум во глава пред сопругата и роднини во својата куќа во скопската населба Инџиково од страна на разбојници кои дошле да го ограбуваат, објави Алсат.

Во полицијата било пријавено откако се слушнале пукотници на улица “Шамак„ во скопско Инџиково, а според првичните информации околу 23 часот две непознати лица маскирани со фантомки вооружени со пиштол влегле во ходникот од куќата на убиениот, кој бил легнат на подот заедно со сопругата додека во другата соба имало роднини.

Откако И.А им кажал дека нема пари и дека има само возило “џип” во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал и го погодил во пределот на главата, по што заминале во непознат правец.

Од страна на доктор од брза помош констатирана е смрт.

Поврзани новости