Во скопските ковид-центри примени се 22 нови пациенти

by Фокус

Во изминатото деноноќие во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се 22 нови пациенти, со кои во ковид-центрите во главниот град во моментов се лекуваат вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19.

Од Министерството за здравство информираат дека во текот на вчерашниот ден дома се пуштени 15 оздравени пациенти.

Од Министерството велат дека утрово до 8 часот имало 93 слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Поврзани новости