Во Скопје вчера се угасени 22 пожари, 7 пријави биле лажни

by fokus

Противпожарната бригада на Град Скопје утрово информира дека во текот на вчерашниот ден биле примени 29 пријави за пожари на територијата на главниот град, од кои 7 биле лажни.

„Од нив, 22 пожари се со интервенција и нивно гаснење и локализирани навремено, меѓу кои и фабриката ОХИС каде се употребија повеќе возила и пожарникари. Седум пријави за пожар беа лажни. Меѓу другото се уште имаме екипи од БППЗ-Скопје во Пехчево-Берово“, велат во соопштението од скопската Пожарна.

Македонската влада, поради зголемениот број пожари, прогласи кризна состојба на територијата на целата земја во траење од 30 дена, додека од вторникот на сила е целосна забрана за движење во шумските области.

Поврзани новости