Во Скопје вчера казнети се 290 возачи, за брзо возење 30, без возачка 25

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се 290 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, а 28 за користење на мобилен телефон.

Од МВР соопштија дека изречени се и девет санкции за минување на црвено светло, 30 мерки за непочитување на брзина на движење, 21 санкција што ја чинат пешаците, 10 за некористење на сигурносен појас и 77 санкции за непрописно паркирање.

Полицијата најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Поврзани новости