Во Скопје вчера казнети 162 возачи, најмногу за брзо возење

by Fokus

Сообраќајната полиција вчера во Скопје казнила 162 возачи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл“, велат од МВР.

Сообраќајната полиција изрекла четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.

Поврзани новости