Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во Скопје сообраќајната полиција казнила 127 возачи, од кои 23 за брзо возење, а 12 за возење без возачка дозвола.
-Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти МВР.
Од полицијата велат дека изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал црвено светло.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.