562
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 20 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, девет санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, 26 за непрописно паркирање. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштија од МВР.