302
Во рамки на вчерашните засилени сообраќајни акциски контроли на територијата на град Скопје се изречени 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 10 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, 14 за непрописно престигнување и обиколување, како и 15 мерки за користење мобилен телефон при возење, соопшти МВР.
Изречени се и девет санкции за возач почетник, четири за минување на црвено светло), четири санкции за некористење сигурносен појас,…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.