Во Скопје приведени се криминалци барани со потерници

by Fokus

МВР информираше дека синоќа во 20.55 часот на ул. „Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Д.(32) од Скопје, кој бил баран со централна потерница за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело во врска со чл.247 од КЗ.

Исто така, денеска во Скопје од страна на полициски службеници од ОКР Кисела Вода лишен од слобода е А.С.(29) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години и четири месеци за сторено кривично дело по член 215 ст.1 од КЗ.

Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.

Поврзани новости