Во Скопје приведен осуденик за тешка кражба

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Скопје привеле крадец, кој е баран за издржување 18-месечна затворска казна.

-Денеска во 12.25 часот на ул.„Гвадалахара“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.У.(40) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соппшти МВР
Од МВР соопштија дека лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Поврзани новости