Во Скопје ќе се одржи Симфониски концерт посветен на Тина Тарнер

by Fokus

Рок симфонијата ,,Simply the best” посветена на кралицата на рокенролот и музичката икона Тина Тарнер, ќе биде изведена на први јуни во „Арена Борис Трајковски“ со повеќе од 40 луѓе на сцената.

Тина Тарнер беше славна по своите бурни, енергични сценски изведби и по моќниот вокал, често нарекувана кралица на рокенролот и музичар кој остави неизбришлива трага во светот на музиката, забавата и културата. Неисцрпна инспирација е за многумина, а нејзината важност се чувствува во генерациите кои доаѓаат.

-Присутните ќе имаат можност да уживаат слушајќи ги највлијателните и најпознатите хитови како што се „Proud Mary“, „What’s Love got to do with It“, „Simply the best“, „We don’t need another hero“ и многу други. Добро познатите балади ќе ги разнежнат сите присутни, а брзите ритми ќе ги подигнат сите на нозе.

Рок симфонијата е посветена токму на неа, а на истата ќе се изведуваат и песни од бендови како „Gun’s and roses“, „Deep purple“, „AC/DC“, како и познати дуети кои ја одбележаа светската кариера на Тина. На први јуни, публиката ќе има можност на еден поинаков начин да ја почувствува енергијата на легендарната Тина.

Тина Тарнер беше една од најголемите рок пејачки на сите времиња и така и ќе остане запомнета.

Сите оние кои сакаат да доживеат ноќ исполнета со многу енергија и страст, можат уште веднаш да ја купат својата влезница, порачаа од Прагма, кои се организатори на настанот.

Влезниците се пуштени во продажба, по цени од 700 до 1.500 денари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости