51
На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 142 мерки за направени прекршоци од областа на сообраќајот.
Како што соопшти утринава Министерството за внатрешни работи, изречени се 25 санкции за брзо возење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на црвено светло и шест за користење на мобилен телефон при возење.
Санкционирани се и тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол.