960
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 казна, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64, седум за возење без возачка дозвола, 4 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.
МВР денеска соопшти дека се изречени и пет санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), една санкции за некористење сигурносен појас и 24 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат.
Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.