Во Скопје казнети 250 возачи, повеќето за брзо возење

by Fokus

Сообраќајната полиција вчера во Скопје казнила 250 возачи, од кои 149 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 250 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 149 санкции, 15 санкции за возење без возачка дозвола, 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека сообраќајната полиција израекла три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 15 санкции за управување под дејство на алкохол.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.

Поврзани новости