Во Скопје казнети 230 возачи, 68 за брзо возење

by fokus

Во полициска сообраќајна контрола на територијата на Скопје вчера биле изречени 230 казни, меѓу кои 68 за возење со брзина поголема од дозволената, 19 за возење без возачка дозвола, 30 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

-Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, 10 санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за користење мобилен телефон…, соопшти МВР.

Министерството укажува дека ќе продолжат засилените акциски контроли и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости