Во Скопје казнети 207 возачи, 24 биле без возачка дозвола

by Fokus

Во рамките на засилените акциски контроли во сообраќајот вчера полицијата само на територијата на град Скопје изрече вкупно 207 мерки, меѓу кои 24 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 мерки за поминување на црвено.

Исто така, изречени се 11 казни за користење на мобилен телефон, 60 за непрописно паркирање, 47 возила се подигнати се специјално возило „пајак“, а изречени се 16 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли, како што најавува МВР, продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости