515
На територија на Град Скопје вчера во акциска контрола во областа на сообраќајот се изречени вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 24 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за возење без возачка дозвола.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за возач почетник…
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.