Министерствотто за внатрешни работи соопшти дека сообраќајната полиција вчера во Скопје изрекла 216 казни, од кои најголем дел се за брзо возење.
„Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 138 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл“, соопшти МВР.
Од МВР велат дека сообраќајната полиција кзнила и 10 возачи за возење под дејство на алкохол, потоа три казни за минување на црвено светло.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, “велат од МВР.