Во Скопје има 829 активни корона случаи, најмногу во Чаир и Гази Баба

by Фокус
Со денешните 159 новозарени, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 13.458, при што бројката на оздравени пациенти е 10.052, на починати е 563, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.843. Гледано по градови, сликата е следна:
• Скопје 5615, активни 829
• Куманово 1355, активни 317
• Дебар 237, активни 74
• Штип 1100, активни 251
• Прилеп 391, активни 57
• Тетово 1180, активни 168
• Струга 544, активни 150
• Велес 253, активни 29
• Битола 188, активни 49
• Охрид 324, активни 67
• Кавадарци 168, активни 99
• Гостивар 722, активни 310
• Гевгелија 39, активни 21 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 56, активни 21
• Крива Паланка 35, активни 10
• Радовиш 39, активни 10
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 132, активни 30
• Пробиштип 73, активни 18
• Демир Хисар 60, активни 30
• Македонски Брод 65, активни 35
• Пехчево 9, активни 3
• Берово 34, активни 25
• Валандово 7, активни 0
• Виница 63, активни 42
• Делчево 27, активни 22 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 16, активни 2
• Свети Николе 269, активни 60
• Кичево 257, активни 103
• Ресен 146, активни 1
• Неготино 38, активни 10 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Што се однесува до Скопје, ситуацијата со активни случаи е следна:
• Чаир – 114
• Гази Баба – 100
• Аеродром – 99
• Карпош – 92
• Центар – 81
• Кисела Вода – 84
• Ѓорче Петров – 63
• Бутел – 61
• Шуто Оризари – 36
• Студеничани – 19
• Сарај – 20
• Арачиново – 15
• Илинден – 12
• Сопиште – 9
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странец – 4
• Нераспределен – 2
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поврзани новости