Во Скопје и уште 6 градови има трицифрен број на заразени со ковид 19

by Фокус

Вкупно 13.308 лица се дијагностицирани со ковид 19 од почетокот на епидемијата во земјава пред речиси шест месеци, при што оздравени се 9.977, а починати 557 лица.

Активни се 2.774 случаи, од кои 833 се во Скопје, додека трицифрен е бројот во уште шест градови – 298 во Гостивар, 294 во Куманово, 252 во Штип, 160 во Тетово, 136 во Струга и 113 во Кичево.

Од скопските општини, трицифрен е бројот во Чаир (114) и Гази Баба (103), а висок број (99) активни случаи има и во Аеродром.

Инаку, пораст на новозаразени во 24 часа има и во Берово и Делчево од вкупно 11, од кои 8 се во Берово.

Со новите позитивни, во Пијанечко-малешевскиот регион има 37 активни случаи, од кои четири се од општините Македонска Каменица и Пехчево.

Поврзани новости