394
Полицијата во текот на вчерашниот ден спровела акциски контроли во Скопје и Битола. Во Скопје изречени се вкупно 183 мерки меѓу кои за брзо возење казнети се 64 возачи.
Санкционирани се и 25 возачи кои возеле под дејство на алкохол во Скопје, а во Битола за истиот прекршок санкционирани се 19 возачи.
Според податоците што утринава ги објави Министерството за внатрешни работи, на територија на Скопје санкционирани се и 14 возачи кои немале возачка дозвола и изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на црвено светло.
Во контролата спроведена синоќа во Битола изречени се мерки и за 26 други прекршоци