613
МВР информира дека денеска околу 18:00 часот на ул. „Руди Чаевац” во Скопје од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги, во рамки на оперативната акција „Жетва”, лишен од слобода е П.Д.Р. (36) од Визбаден, Германија.
Тој бил баран по меѓународна потерница за недозволена трговија со дрога.
Лицето е лишено од слобода и предадено во ПСОН Аеродром за понатамошна постапка.