Во Скопје 380 санкционирани возачи 

by Fokus

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 380 мерки, меѓу кои 59 за возење без возачка дозвола и 39 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека 86 мерки се изречени за непрописно паркирани возила и 31 казна за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, посочуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости