626
На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 286 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола санкционирани се 13 лица.
Министерството за внатрешни работи во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот за пречекорување на дозволената брзина на движење регистрирало 150 прекршоци, нерегистрирани возила 14, 11 санкционирани мотоциклисти, 53 мерки се за непрописно паркирање, а изречени се и 44 санкции за неносење на заштитна маска.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во денешното соопштение од МВР.