472
На територијата на Скопје полицијата вчера казнила 157 возачи. Од вкупниот број санкции, 38 биле за возење со брзина поголема од дозволената, 16 за возење без возачка дозвола.
-Изречени се и 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 26 за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за користење мобилен телефон…, информира Министерството за внатрешни работи.
Засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот