452
По спроведена акциска контрола во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11, осум за непрописно престројување, шест за возење под дејство на алкохол.
Од МВР информираат дека воедно се изречени и шест мерки за користење мобилен телефон, 10 прекршоци што ги чинат пешаците, седум за минување на црвено светло, 59 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од Министерството.