Во Скопје 1.593 активни случаи со Ковид-19, Чаир останува на врвот

by Frosina Fakova

Во земјава се активни 2.735 случаи на КОВИД-19, вкупно од почетокот на епидемијата досега беа регистрирани 4.820 заболени, а починаа 222 лица. Најмногу активни случаи има во Скопје, односно 1.593. По општини во главниот град заклучно со вчера најмногу има во Чаир – 352, Аеродром – 127, Бутел – 117, Гази Баба – 128, Центар – 123, Карпош – 108, Сарај – 109, Кисела Вода – 82, Ѓорче Петров – 63, Студеничани – 75, Шуто Оризари – 54, Арачиново – 44, Илинден – 24, Петровец – 12, Чучер Сандево – 8, Сопиште – 11, Странец – 4 и нераспределен- 51 случај.

Како што соопшти Министерството за здравство, моментно дистрибуцијата по градови е следна: Скопје досега регистрирани 2.343, активни 1.593, Куманово 679, активни 230, Дебар 63, активни 11, Штип 260, активни 208, Прилеп 230, активни 17, Тетово 500, активни 304, Струга 149, активни 70, Велес 162, активни 34, Битола 38, активни 9, Охрид 91, активни 72, Кавадарци 9, активни 4,. Во Гостивар 79 регистрирани, активни 53, Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци), Струмица 10, активни 7, Крива Паланка 10, активни 4, Радовиш 4, активни 0, Крушево 5, активни 2, Кочани 59, активни 26, Пробиштип 11, активни 9, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 3, активни 1, Пехчево 5, активни 2, Берово 2, активни 1, Валандово 5, активни 3, Виница 3, активни 0, Делчево 1, активни 0, Кратово 5, активни 3, Свети Николе 12, активни 10, Кичево 5, активни 2, Ресен 48, активни 47 и Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Поврзани новости