Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон

by Fokus

Биотехнолошката компанија со седиште во Сингапур, BioAcumen Global, создаде специјален ПЦР тест кој може да ја одреди варијантата на корона вирусот Омикрон, објави денеска сингапурскиот весник „Стрејтс тајмс“.

Тоа значи дека се можни три вида резултати од тестот: позитивен на корон авирус и на Омикрон, позитивен на корона вирус, но негативен на Омикрон или целосно негативен, објасни авторот на проектот.

Во моментов, при спроведување на традиционалните ПЦР тестови се неопходни дополнителни истражувања за да биде откриена новата варијанта. Ова во просек трае уште еден ден, објаснуваат експертите. Со новиот развој, на специјалистите ќе им бидат потребни само неколку часа за да го потврдат или негираат присуството на Омикрон.

Компанијата истакна дека веќе започна со масовно производство на тестови, кои првично ќе се користат на граничните премини во земјава.

Досега во Сингапур се регистрирани три увезени случаи на инфекција со Омикрон.

Поврзани новости