Во што да се вложат парите? СН Осигурителен Брокер исплати 6% камата од корпоративната обврзница

by fokus

Инвеститорите кои пред една година се охрабрија да муизразат доверба на СН Осигурителен Брокер АД Битола вчера се опарија. На нивните сметки веќе легнаа средствата кои СН Осигурителен Брокер АД Битола во текот на вчерашниот ден ги исплати на име на камата по каматнастапка од 6% на годишно ниво на имателите наКорпоративна обврзница.

Датумот на достасување на главницата на корпоративната обврзница е 28.02.2027 година по фиксна годишна камата од6,00% за целиот период.

Се работи за највисоката камата која во моментов може да се оствари во нашата држава како од корпоративна обврзница, така и од класичен банкарски депозит. За илустрација, секој што вложил 1.000.000 денари во корпоративната обврзница на СН Осигурителен Брокер АД Битола, во текот на вчерашниот ден остварил принос од 6 отсто, односно 60.000 денари годишна камата.

Номиналната вредност на корпоративната обврзница е 10.000 денари по лот во вкупен номинален износ од 80 милиони денари. Еден лот е една обврзница. Продажбата севршеше по пат на јавна понуда преку Македонска берза АД Скопје.

Заклучно со 26 февруари 2022 година, од понудените 8.000 корпоративни обврзници продадени се вкупно 7.583 хартииод вредност за износ од 75.830.000,00 денари. Тоа значи дека обврзницата е успешна, односно реализацијата е 94,7875 %.

На седница одржана на 27.05.2022 година, Одборот надиректори на Македонска берза донесе Одлука за котацијана корпоративни обврзници издадени од СН Осигурителен брокер АД Битола на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, на под сегментот Берзанска котација. Тоа значи дека имателите на обврзници, доколку имаат потреба од ликвидни средства, можат да ги продаваат обврзниците на секундарниот пазар.

Ова несомнено ќе го сврти вниманието на оние кои допрва ќе одлучуваат каде да ги вложат и оплодат своите пари.

Како функционираат обврзниците?

Пионерските чекори на СН Осигурителен Брокер изворот на финансиски средства за своето работење да го побара на пазарот на капитал преку издавање на должнички хартии од вредност, можеби ќе охрабрат и други економски субјекти да го следат нивниот пример. Тоа ќе ја збогати понудата на финансиски инструменти на берзата со потенцијален бенефит за сите учесници на пазарот на хартии од вредност, како за издавачите кои добиваат свеж капитал, така и за инвеститорите кои добиваат поширока понуда на инструменти.

Една од најголемите предности на корпоративнитеобврзници ко ги прави атрактивен финансиски инструмент во однос на сопственичките хартии од вредност е во тоа што тие обезбедуваат поголема сигурност во повратот на инвестираните средства, бидејќи предвреме е утврдена и позната каматата.

Примамливоста за инвестирање во корпоративни обврзници произлегува и од предвидената каматна стапка која, доколку е над стапките на депозити на банките, придонесува за брза реализација на емисијата на обврзници, но и подоцна на секундарното тргување на овластените берзи.

Обврзниците претставуваат дополнителен извор на средства за издавачот. Често, средствата добиени со нивно издавање служат за финансирање посебни програми и проекти кои генерираат приходи. Овие приходи понатаму се користат за исплата на достасаните обврски по издадените обврзници, како во случајот на СН Брокер. Обврзниците се слични на кредитот, бидејќи и тие претставуваат форма на задолжување.

Компаниите и државата позајмуваат пари за да го финансираат нивното работење. Традиционално, компаниите позајмуваат пари од банките, а банките ги обезбедуваат тие пари од прибирање депозити оддепонентите.

Големите компании се во можност да позајмуваат директно од заем од давателите преку издавање обврзници. Обврзницата е всушност заем кој инвеститорот ѝ го дава на компанијата. Инвеститорот се согласува на компанијата да ѝ дад еодредена сума пари за одреден временски период во замена за периодична исплата на камата во однапред утврдени временски интервали. Кога заемот ќе го достигне датумот на доспевање, истиот му се враќа на инвеститорот.

Финансирањето преку издавање на обврзници има предности за двете страни: позајмувачот ќе плати пониска камата отколку кога би земал кредит од банка, а заемодавателот ќе земе повисока камата отколку кога би ги вложил парите во банка како депозит.

Во што вложи СН Осигурителен Брокер?

Дел од средствата кои СН Осигурителен Брокер ги обезбеди преку издавањето на корпоративната обврзница, како што денеска соопшти компанијата, ги вложи во модерна станица за технички преглед во Скопје-СН Мото Центар, како и во информациски и комуникациски технологии, согласно со деловниот план односно бизнис патоказот за периодот 2021 − 2025 година.

СН Мото центарот е дел од успешната приказна на СН Осигурителен Брокер предводена од визијата на основачите и одборот на директори. Нивна замисла е и бизнис-патоказот во кој е зацртан петгодишен развоен циклус кој се темели на пет столба, и тоа во сегментот на: информациските и комуникациските технологии, засилување на операциите во град Скопје, интернационални инвестиции, инвестиции вон дејноста и инвестиции во соработката со осигурувачите.

Со засилувањето на операциите во Скопје до денес речиси 80% од бизнис планот се веќе реализирани, велат од компанијата. Така, неодамна СН Осигурителен Брокер АД Битола го промовираше СН Мото центарот најновата инвестиција на СН Брокер во Скопје, тешка 2,4 милиони евра.

Овој мултифункционален објект се простира на 6.000 метри квадратни во скопската населба Карпош. Центарот располага со 1.847 метрикорисна површина, како и со најсовремена опрема и стручни кадри. Покрај технички преглед, возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, Цемт сертификати, Хомологација, ПТЕУ, Меѓународна возачка дозвола, Полномошно и Пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен Брокер АД Битола се нудат и сите видови осигурување, вклучително авто одговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.

Тука се нудат и услугите на Центарот за обука на професионални возачи, односно обука и полагање со кои се добиваат сертификати за управител, АДР возач, советник забезбедност и професионален возач. Во СН Мото центарот е сместен и шалтер за издавање на тахографски картички, како и тир карнети и Т1.

Инаку, самото брокерско друштво уште по првата година од функционирањето се позиционираше на врвот на осигурително брокерскиот сегмент на пазарот на осигурувањето во државава. Двоцифрениот раст на продажбата директно условува и раст на добивката низ годините. Континуиран е и растот на бруто-полисирањето. 2022 година друштвото ја заврши со 60.497.915 денари добивка и со растечки број од над 80.000 осигуреници, соопштија од компанијата.

 

Поврзани новости