СВР Штип до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријава против А.П.(42) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Имено, по преземени оперативни мерки било дојдено до сознание дека пријавениот во текот на 2023 година набавувал разни видови наркотици, кои во неговите дом и продажен објект во Штип ги продавал на наркозависници.
При претрес во неговиот дом и други простории на 12.09.2023, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го затекнале Х.Д.(27) од Штип на кого му продал марихуана, која била пронајдена при преглед кај него.
Исто така, при претресот во домот и продажниот објект биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, амфетамин и светло кафеава кристална материја.
Лицето било задржано во полициска станица и заедно со пријават бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.