Шпанската полиција уапси пет лица под обвинение за планирање терористички напади врз владини згради во земјата, како и институции кои ја поддржуваат Украина во неколку европски земји.
Полицијата во Барселона за време на операцијата уапсила двајца Руси и белоруски, колумбиски и шпански државјани под сомнение дека се поврзани со терористичка организација, објавија локалните медиуми.
Сите петмина се опишани како „проруски терористи“ и се обвинети за планирање терористички напади во неколку европски земји, пишува „Ел Периодико“.
Уапсените, наводно, дејствувале по наредба на руски државјанин, чие име не го соопшти ниту полицијата во Барселона, ниту медиумите, и планирале терористички напади врз владите и институциите кои ја поддржуваат Украина, особено во земјите-членки на НАТО.
Петмината осомничени ќе бидат изведени пред Националниот суд во Мадрид под обвинение за тероризам и членство во терористичка организација.