Во Шпанија се уапсени 15 членови на Кавачкиот клан

by Fokus

Шпанската полиција уапси 15 лица откако беа откриени 13 затворени плантажи со марихуана на две локации во руралните области на провинциите Мадрид, Гвадалахара и Толедо.

Според шпанските медиуми, станува збор за членови на Кавачкиот клан од различни земји во светот, пренесува порталот „Подгорица Дан“.

„Запленети се осум парчиња огнено оружје, од кои едното автоматска пушка, повеќе од 3.000 садници марихуана, 150 килограми марихуана затворена во вакуум и 54.000 евра во готовина“, се вели во соопштението на шпанското МВР.

Апсењето наводно било извршено синоќа.

Поврзани новости