Неколку меѓународни училишта во Шпанија денеска беа затворени поради извештаи за закани со бомби, за кои полицијата соопшти дека по проверките биле лажни.
Полициски извор во Сарагоса потврди дека четири меѓународни училишта во тој град добиле закана преку електронска пошта и дека француската гимназија „Молиер“ денеска е затворена.
Три британски училишта во Мадрид потврдија за Ројтерс дека добиле закани за бомби минатата недела или денеска.
Најмалку две меѓународни училишта во Тенерифе, француска и германска школа, исто така, добиле закани и не се отворија денеска, соопшти регионалната влада.
Весникот Мундо објави дека вкупно 18 училишта во Шпанија добиле закани преку електронска пошта.
Изворите за Ројтерс изјавија дека во мејлот не е наведено за што се заканите и кој ги испраќа.