527
21 мигрант од Авганистан, Пакистан и Ирак биле пронајдени во патничко возило во селото Водочка, струмичко.
„На 19.09.2018 година околу 21.30 часот во с.Водоча, струмичко, полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „Ауди А6“ со струмички регистарски ознаки. Веднаш по запирањето на возилата, возачите на двете возила излегле и се дале во бегство, а во возилата биле пронајдени 21 мигрант од Авганистан, Пакистан и Ирак (10 во ПМВ Пасат, а 11 во ПМВ Ауди). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, порачаа од МВР.