480
МВР информира дека денеска од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во с. Страчинци кај Т.Ф.(32).
При претресот пронајдени и одземени се бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитала вага, две рамки од автоматска пушка, една пушка, 399 куршуми, еден пиштол со рамка, една ловна пушка, 13 ловни патрони, еден панцирен елек, мобилни телефони, 26.160 евра и 698.580 денари.
Се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.