116
Утре околу 23 илјади членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател на СДСМ.
Пред 3 години, кога за претседател на партијата беше избран Зоран Заев, на непосредното гласање од членството се пријавија 68.999 членови.
По предлогот на Славјанка Петровска да се одложат изборите во СДСМ, Централната изборна комисија одговори дека ќе ја продолжи постапката бидејќи процесот е легитимен, демократски и спроведен во најдобар ред.
Покрај неа, во игра за нов партиски лидер се Венко Филипче, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски.
Сите пријавени кандидати за прв човек на СДСМ ветуваат обединување и реформи во партијата и враќање на СДСМ на државотворните патеки.